Српската Влада го прогласи вторник за Ден на жалост за жртвите од пожарот во Кочани

Владата на Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради пожарот во Македонија во кој загинаа најмалку 51 лице, а повеќе од 100 беа повредени. ДЕТАЛНО


Пленковиќ упати сочувство до Македонија поради пожарот во Кочани

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утринава разговараше со својот македонски колега Христијан Мицкоски и изрази сочувство за пожарот за време на концертот во Кочани, каде утринава загинаа над 50 лица, а над 100 се повредени соопшти хрватската Влада. ДЕТАЛНО


Албанската новинска агенција АТА изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Главниот уредник на дескот за вести од светот на Албанската телеграфска агенција (АТА) Аријан Јоргаки испрати писмо со сочувство до МИА за трагедијата во Кочани во кое истакнува дека во ова време на жалост, АТА се солидаризира со народот на Македонија. ДЕТАЛНО


Стоилковиќ: Србија испраќа воени хеликоптери за повредените да се лекуваат на Воено медицинската академија во Белград

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ објави дека Србија ќе испрати воени хеликоптери по повредените, за да се лекуваат на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград. ДЕТАЛНО


 

Вучиќ изрази сочуство до Силјановска – Давкова за трагедијата во Кочани: Ќе испратиме хеликоптери и медицински тимови

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. ДЕТАЛНО


Католичката црква изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Кочани

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени. ДЕТАЛНО


Распишана централна потерница за 4 лица за пожарот во Кочани, до моментов загинати 59 лица, 155 повредени

Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип. ДЕТАЛНО


Рама и Бегај изразија сочувство за големата трагедија и подготвеност за каква било помош која е потребна

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази сочувство за големата трагедија во Северна Македонија и изрази подготвеност да пружи секаква неопходна помош. ДЕТАЛНО


„Меѓаши“ отвори дополнителни телефонски линии за психолошка поддршка за лицата и семејствата по пожарот во Кочани

Првата детска амбасада „Меѓаши“ по пожарот во Кочани во кој загинаа повеќе од 50 лица отвори шест дополнителни телефони за психолошка прва помош за децата и нивните семејства. ДЕТАЛНО


Муртезани: Најдлабоко сочувство до сите погодени во оваа трагедија

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изрази жалење и сочувство до сите погодени од трагедијата во Кочани. ДЕТАЛНО


Муртезани: Најдлабоко сочувство до сите погодени во оваа трагедија

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изрази жалење и сочувство до сите погодени од трагедијата во Кочани. ДЕТАЛНО


Црвен крст: Во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите

Црвениот крст на Македонија соопшти дека со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани, а отворени се и наменски телефонски линии за прва психолошка помош. Воедно, апелираат до сите да ја покажат хуманоста и солидарноста за обезбедување помош за настраданите семејства. ДЕТАЛНО


Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените

Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да си ги видат децата. ДЕТАЛНО


Реакции на ЕУ на трагедијата во Кочани: Европа тагува со вас на овој трагичен ден

Највисоките претставници на институциите на Европската Унија претпладнево изразија жалење за синоќашна трагедија во Кочани и изразија сочувство за жртвите. ДЕТАЛНО


Села: Тажно утро за сите, ја споделуваме болката со семејствата на жртвите

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села изрази сочувство до семејствата на настраданите во пожарот во дискотека во Кочани. ДЕТАЛНО


Бугарија изрази жалење и понуди помош по пожарот во Кочани

Бугарија ја споделува болката на граѓаните на Република Северна Македонија за пожарот во Кочани, во кој загинаа и беа повредени многу луѓе, напиша на Х бугарскиот претседател Румен Радев. ДЕТАЛНО


Амбасадата на Шведска во земјава изрази жалење за трагичната загуба на животи во Кочани

Амбасадата на Шведска во земјава изрази жалење за трагичната загуба на животи по пожарот во Кочани. ДЕТАЛНО


Коцевски: Се уште трае увидот во дискотеката, истрагата ќе биде брза и целосна

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите по пожарот во Кочани изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи се врши увид на лице место. ДЕТАЛНО


Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Општина Гази Баба соопшти дека во координација со Владата, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје. ДЕТАЛНО


Во Клиничката болница во Штип хоспитализирани 38 пациенти, сите се стабилни со изгореници од втор степен

Во Клиничката болница во Штип во моментот се хоспитализирани 38 пациенти и сите се хемодинамски стабилни со изгореници по лицето и рацете од втор степен, изјави директорот на установата Владко Захариев. ДЕТАЛНО


Телефонски броеви за информации за повредените во пожарот во Кочани

Министерството за здравство објави телефонски броеви на кои може да се добијат повеќе информации за состојбата на повредените во пожарот во дискотеката на Кочани. ДЕТАЛНО


ВМРО-ДПМНЕ: Во овие моменти на голема загуба нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите

Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа многу млади животи. Ова е еден од најтажните денови за Македонија, велат во пораката со сочуство од ВМРО-ДПМНЕ. ДЕТАЛНО


Бегај: Молитвите на албанскиот народ се со семејствата за загинатите и повредените во Северна Македонија

Албанскиот претседателот Бајрам Бегај изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани во која загинаа над 50 лица, а стотици се повредени. ДЕТАЛНО


Гаши изрази сочувство до семејствата на загинатите, ги повика институциите да го расветлат случајот

Претседателот на Собранието Африм Гаши изрази сочувство за трагичната несреќа во дискотеката во Кочани каде загинаа 51 лице, а над 100 лица се повредени. ДЕТАЛНО


Мицотакис за трагедијата во Кочани: Грција е подготвена да помогне во ова тешко време

Сочувство за загубените животи и подготвеноста на Грција да помогне по трагедијата во Кочани, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Икс. ДЕТАЛНО


МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираа од Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. ДЕТАЛНО


Силјановска Давкова: Ова е страшно, никогаш да не се повтори!

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги посети болниците во Скопје – „Свети Наум Охридски“, „8 Септември“ и Клиничкиот центар, каде што посети дел од повредените во утринскиот страотен пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој според досегашните информации загинало 51 лице. ДЕТАЛНО


Димитриевски: Сочуство до семејствата на загинатите, брзо закрепнување на повредените

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски изрази сочуство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани. ДЕТАЛНО


Калас: ЕУ ја споделува тагата и болката на народот

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во објава на Икс изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани. ДЕТАЛНО


Агелер: Нашето најдлабоко сочувство до жртвите и нивните најблиски во ова ужасно време

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани. ДЕТАЛНО


Студенти по медицина се самоорганизираат за помагање на настраданите во дискотеката во Кочани

Студенти по медицина се самоорганизираа да помагаат околу настраданите од трагичниот настан во Кочани. ДЕТАЛНО.


Сочувство од српското МНР по трагедијата во Кочани

Српското Министерство за надворешни работи изрази сочувство до народот и властите во Македoнија по пожарот во дискотека во Кочани. ДЕТАЛНО


Државниот обвинител Коцевски го предводи тимот обвинители што го истражува пожарот во Кочани

Јавниот обвинител формираше обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија поврзани со пожарот во Кочани. ДЕТАЛНО. 


Тошковски: Има приведени во врска со пожарот во кој загина 51 лице, ве уверувам дека одговорност ќе има

Министертвото за внатрешни работи веќе има приведено лица во врска со пожарот во Кочани, во којшто загина 51 лице, а околу 100 се повредени, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. ДЕТАЛНО.


„Ре-медика“ ги понуди своите капацитети за помош на настраданите во пожарот во Кочани

„Ре-медика“, првата приватна општа болница, ги понуди своите капацитети за помош на настраданите во големиот пожар во Кочани. ДЕТАЛНО.


Таравари: Во моментот 118 лица згрижени низ болниците во државата, понудена помош од соседните земји

Министерот за здравство Арбен Тараври изјави дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. ДЕТАЛНО.


Институтот за трансфузиона медицина: Располагаме со доволно количини на крв

Институтот за трансфузиона медицина информира дека располага со доволни количини на крв и крвни компоненти од сите крвни групи. ДЕТАЛНО.


Светските и регионалните агенции и медиуми за трагедијата во ноќниот клуб во Кочани

Светските агенции ја пренесоа веста дека рано утринава во пожар во ноќен клуб во Кочани животот го загубија над 50 млади лица. ДЕТАЛНО.


Приведен сопственикот на дискотеката во Кочани, лиценцата на дискотеката била до 24 март

Сопственикот на дискотеката во која се случи пожарот во Кочани, во која загина 51 лице, е приведен. ДЕТАЛИ.


Родители чекаат пред болниците во Кочани и Штип

Родители чии деца биле во дискотеката во Кочани се пред болниците во Штип и Кочани, чекајќи да добијат повеќе информации. ДЕТАЛНО.


Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија

Премиерот ги повикува сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства. ДЕТАЛНО


Герапетритис разговарал со Муцунски и изразил подготвеност на Грција да обезбеди секаква неопходна помош

Подготвеноста на Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучително и спасувачки тимови и медицинска помош, изразил министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. ДЕТАЛНО.


Герасимовски: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, Општина Центар стои на располагање да помогне

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски изрази сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани и порача дека Општината стои на располагање за да помогне. ДЕТАЛНО.


Марта Кос изрази длабоко жалење за „страшната трагедија“ во Кочани

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и упати сочувство за жртвите. ДЕТАЛНО


Поради огромната трагедија во Кочани, СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за претседател

Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот, соопштија од партијата. ДЕТАЛНО


Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани

Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. ДЕТАЛНО


Филипче: Во овие тешки моменти, најважна е поддршката и заедништвото

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата и блиските на настраданите во страшната тагедија во Кочани. ДЕТАЛНО


На Скопските клиники, Градската хируршка болница и во „8 Септември“ хоспитализирани над 80 повредени од Кочани

На Скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8 Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани. ДЕТАЛНО


Мобилизирани сите тимови во Штипската болница

Мобилизирани се сите тимови во Штипската клиничка болница. Овде се и волонтерите на Црвен крст кои делат вода на присутните пред болницата. ДЕТАЛНО


Страшен пожар во дискотека во Кочани, најмалку 50 загинати

Најмалку 50 лица загинаа во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар. Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од употреба на пиротехнички средства.  ДЕТАЛНО