Врз основа на тековните проекции на Си-ен-ен, се помали се шансите потпретседателката Камала Харис до победи на претседателските избори.
Поранешниот претседател Доналд Трамп има 266 електорски гласови, а Харис има 188 електорски гласови, проектира Си-ен-ен. Тоа значи дека Трамп треба да освои само уште четири електорски гласови за да ја освои претседателската функција.
Си-ен-ен предвиде дека Трамп ќе освои неколку клучни колебливи држави – вклучувајќи ги Северна Каролина, Џорџија и уште поважно, Пенсилванија.
-Ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави – изјави денеска републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.
Тој се обрати на своите поддржувачи во Палм Бич на кои им вети дека „ќе ги поправи границите“, додавајќи дека тој и неговата партија испишале историја со причина.