Концертот на хрватскиот ансамбл „Ладо“ во Националната опера и балет во Скопје беше вистински спектакл! Со својата темпераментна изведба на народни игри, раскошни носии и автентична музика, ансамблот ја поведе публиката на патување низ различни региони на Хрватска. Гостувањето на македонскиот ансамбл „Танец“ дополнително го збогати ова незаборавно искуство.
Атмосферата беше полна со енергија и емоции, а концертот дел од годишната програма на „Ладо“, кој веќе 76 години ја негува и развива фолклорната уметност.
Низ фотографии пренесуваме дел од вечерашната атмосфера.