Шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба изјави дека ситуацијата со количината и снабдувањето со оружје во Украина е „лоша“.
Во своето обраќање на Минхенската безбедносна конференција Кулеба додаде дека тоа не е негова проценка, туку пораката што ја добиваат украинските власти од фронтот.
– Поради сите хаубици и пушки од калибар 155 – произведени во одредена земја – не можеме да користиме ист куршум со секој пиштол од тој калибар. Политичарите испраќаат помош и добиваат признание за испорачувањето на еден тон куршуми, но на бојното поле, испраќањето на вистинскиот куршум за вистинскиот топ станува огромен технолошки проблем – рече Кулеба, а пренесе „Гардијан“.
Украина долго време бара од Западот поголемо количество оружје и муниција, имајќи предвид дека и снемува борбена моќ против руските сили, кои ги интензивираа нападите на неколку фронтови.
Украинската армија беше принудена да се повлече од стратешки важната Авдијевка под нивните напади.