Преговорите за ставање крај на војната во Украина ќе започнат на 18 февруари во Ријад, со учество на официјална руска делегација, објави синоќа рускиот весник „Комерсант“.
Весникот не објави кои ќе бидат членовите на руската делегација во преговорите во Саудиска Арабија, наведувајќи дека на Телеграм се појавиле информации за подготовки на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров за посета на Саудиска Арабија.
Се очекува американскиот државен секретар Марко Рубио, американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток Стив Виткоф да учествуваат како претставници на САД во преговорите за ставање крај на војната во Украина.