Фото: Твитер/илустрација

Кинеската, иранската и руската морнарица ќе спроведат заедничка вежба во март – соопшти денеска кинеското Министерство за национална одбрана.

Вежбата со кодно име „Безбедносен појас-2025“ треба да се одржи во области во близина на иранското пристаниште Чабахар – соопшти Министерството.

Кинеската флота ќе учествува со разурнувач и брод за снабдување.

Планот за маневрите вклучува вежби за гаѓање поморски цели, контрола на штета, како и заедничко пребарување и спасување. Целта е да се зајакне воената меѓусебна доверба и да се поттикне прагматична соработка меѓу поморските сили на земјите-учеснички – стои во објавата на Министерството.