military targets in Iran
Фото:ЕПА

Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран, набргу откако израелската армија објави дека во тек се одмазднички напади врз воени цели во Иран. Експлозиите ги потврди и иранската агенција Тасним, блиска до Револуционерната гарда. Непосредно пред почетокот на нападот, Белата куќа била информирана за акцијата. Властите во Техеран најавуваат одговор на израелскиот напад. За пет часа цел на нападот биле 20 цели во Иран.

Експлозии се слушнале во Исфахан, Машхад, низ териториите населени со Курди, како и во главниот град Техеран. Во околината на Дамаск била активирана и противвоздушна одбрана.

Почетокот на нападот дошол набргу откако израелската влада им даде зелено светло на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галатно да започнат воздушна операција против Иран.

Иранската агенција „Фарс“ веднаш по почетокот на операцијата извести дека на неколку локации околу Техеран се слушаат експлозии, но дека аеродромот во тој град не е загрозен.

Израелски извори наведуваат дека досега во операцијата учествувале повеќе од 100 борбени авиони, меѓу кои и авиони Ф-35 и Ф-15. Наводно цел е и командата на Иранската револуционерна гарда.

– Иранските власти објавија дека израелскиот напад е причина за решителен одговор – пренесува агенцијата „Тасним“.

Пет часа по почетокот на нападот, израелски извори изјавија дека акцијата е завршена, а во текот на ноќта биле погодени 20 цели на територијата на Иран. Засега не е познато колку жртви имало во овие напади.

Новиот израелски напад врз Иран и претходните ирански дејствија против цели во Израел претставуваат значаен и подеднакво негативен развој во односите меѓу двете земји, кои се во војна со децении преку прокси организации и разузнавачки служби.

Два напади на двете страни ги доведоа Иран и Израел на работ на отворена војна, со можни катастрофални последици за целиот Блиски Исток.

Израелските медиуми тврдат дека нападот не е насочен кон иранските нафтени терминали, ниту кон објекти поврзани со нуклеарната програма на Техеран.

За нападот беа информирани Белата куќа и Пентагон, кои во последните недели се обидуваа да ја убедат владата на Бенјамин Нетанјаху да ги изврши воздушните напади врз Иран на начин што нема да доведе до одговор од властите во Техеран.

Иранскиот аналитичар Мохамад Маранди, за време на нападот, рече дека властите во Техеран очекуваат посилни удари и дека се подготвени за војна со Израел.

Оваа изјава на човек близок до иранските власти се толкува како сигнал дека Иран можеби  нема да преземе одмазднички акции против Израел.

Иако повеќе од еден месец беше сигурно дека израелската акција е неизбежна, Белата куќа се надеваше дека израелската одмазда за ракетниот напад врз воздушните бази во Израел ќе ги заобиколи нуклеарните постројки и нафтените терминали, особено оној на островот Харг во Персискиот Залив, кој низ историјата бил сцена на неколку неуспешни воени акции и шпионски афери.

Израелската закана е одговор на неодамнешниот напад на Иран, чија Револуционерна гарда истрела околу 200 проектили врз воздухопловната база Неватим. По иранскиот напад, сателитски снимки покажаа 32 кратери од експлозиите на боеви глави, но се чини дека ниту еден од авионите не бил погоден.

Америка апелира дека неселективен напад врз некои од овие цели може да доведе до ширење на војната од Појасот Газа во целиот регион на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Иран, Ирак, Либан, Сирија и Јемен.