Кина денеска ќе ги објави своите политички и економски цели за 2025 година на почетокот на годишната седница на Националниот народен конгрес во Пекинг.
Премиерот Ли Чианг ќе го прочита владниот извештај во Големата сала на народот, кој традиционално ги вклучува целите за економски раст, воениот буџет на Народна Република Кина и ставови за Тајван.
Оваа година, на седницата на парламент учествуваат околу 3.000 делегати, а ќе трае седум дена.
По отворањето, делегатите ќе дискутираат за повеќе владини извештаи, кои ќе бидат ставени на гласање на последниот ден од собранието. Високи министри ќе одржат прес-конференции на различни теми, вклучувајќи ја и кинеската дипломатија.