Фото: ЕПА

Европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, рекоа дека мора да бидат дел од разговорите за Украина, нагласувајќи дека само фер договор со безбедносни гаранции ќе обезбеди траен мир, пренесе „Ројтерс“.

– Нашите заеднички цели треба да бидат да ја ставиме Украина во позиција на сила. Украина и Европа мора да бидат дел од сите преговори – се наведува во заедничката изјава на седумте земји и Европската комисија.

Министрите од Франција, Велика Британија, Германија, Полска, Италија и Шпанија, како и претставници на Европската комисија, се сретнаа со украинскиот министер за надворешни работи во Париз.