Фото: НМ

Специјален известувач на „Нова Македонија“ на само 800 метри од Појасот Газа. Што се случи на 7 октомври 2023 година кога терористи на ХАМАС упадна на израелска териорија и извршија масакри на неколку локации. Како беше нападнат и како се бранеше кибуцот Беери кој е последна населена точка на источната граница со Газа?

Кој им давал прецизни информации на палестинските теориристи за да можат да извршат акција во раните утрински часови на локацијата каде се одржувал Нова фестивалот, крвав пир кој го смени пејзажот на израелско-палестински односи, но и животот и надежите на Израелците за мирно решение на конфликтот?

Сдерот – најголем град на јужната точка чии жители на 7 октомври мислеле дека е активирана железната купола, а всушност терористите на ХАМАС им влегле дома.

Што се случува на Север? Нашиот репортер беше на две посматрачки точки – Мисгав Ам – на границата со Либан и Бентал – на границата со Сирија.

Читајте од утре екслузивно на страниците на нашиот весник, а повеќе документ фотографии ќе бидат објвени и на веб порталот.