Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025.
Од досега обработени 30,68 отсто од гласовите и податоци од 1 278 Избирачки места од вкупно 3 474 кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ и СДСМ во 8 општини, Националната алијанса за интеграција во 7 и Демократската партија на Турците во една општина.
Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ водат во Аеродром, Берово, Битола, Босилево, Валандово, Василево, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Кочани, Кратово, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Чашка, Чучер Сандево и Штип.
СДСМ и Коалицијата водат во општините Богдацни, Вевчани, Зрновци, Конче, Крива Паланка, Лозово, Центар и Чешиново Облешево.
Кандидатите од Коалицијата Вреди според досега обработените податоци водат во општините Арачиново, Боговиње, Брвеница, Дебар, Желино, Теарце, Тетово, Чаир.
Кандидатите на НАИ водат во општините Бутел, Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница, Сарај и Струга.
Кандидатот на Демократската партија на Турците води во Центар Жупа.
За Шуто Оризари нема податоци.