Едно лице синоќа почина откако e опожарен вагон цистерна кај железничката станица во скопската населба Илинден.
Малолетно девојче изгорело од струен удар, потврдува Sвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Тој за „Макфакс“ посочува дека синоќа интервенирале во скопски Илинден со две возила и седуммина пожарникари. Очевидци велат дека девојчето загинало откако со момче било качено на вагонот
– Извесно е дека телото било опожарено. Пожарникарите спречиле огнот да го зафати вагонот-цистерна кој пренесувал гориво. Детали се уште нема, оти увидот се уште трае – вели Томевски.
Настанот го пријавил скопјанец, кој кажал дека ги згрижил децата кои го известиле за настанот.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека случајот е пријавен во 21.05 часот во полициското одделение во Петровец.
– Во 21.05 часот во ПО-Петровец, С.К. пријавил дека во населбата Илинден кај железничката станица во складиштето на „Макпетрол“ од страна на малолетни лица е опожарена цистерна. Двете малолетни лица се кај него дома и по извршениот разговор со децата посочено е дека во цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато -велат од МВР.
На местото на несреќата испратени се полициски службеници и се врши увид.