Ukraina
Фото: ЕПА

Министерството за одбрана на Франција ги потврди медиумските извештаи дека десетици украински војници дезертирале за време на обука во Франција и не се вратиле на бојното поле, oбјави „Aнадолија“.

Медиумски извештаи зборуваат за „проблеми со дезертерство“ во бригадата на украинската армија, која има вкупно 4.500 војници, од кои 2.300 биле обучувани во Франција. Иако обуката била во Франција, сите овие војници биле под команда на украинската армија и Франција не ги казнува за дезертерство.

Од Париз забележуваат дека се работи за „прилично мал“ број на дезертери со оглед на вкупниот број обучени војници. Командантот на украинските копнени сили Михаило Драпати призна дека има проблеми со дезертерството, но дека тие ги решаваат.

Медиумите објавија дека 1.700 војници дезертирале во Украина пред да заминат на фронтот, од кои 50 на обука во Франција. Силите на западната коалиција кои ја поддржуваат Украина во борбата против Русија ги обучуваат украинските војници од почетокот на војната. Повеќе од 100.000 украински војници поминале таква обука во повеќе од 30 земји.