Фото: маја Јаневска Илиева

Денес, православните верници го прославуваат Божиќ, еден од трите најголеми празници, кога, според христијанското верување, е роден Синот божји, Исус Христос. Божиќ е семеен празник и се одбележува во домовите и црквите. Луѓето на Божиќ се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“.

Утринава, храмовите беа преполни со верници кои заминаа на литургии, причест и молитва.