Во последните денови од мандатот на претседателот Џо Бајден, САД воведоа нови санкции кон Русија поради нејзината воена интервенција над Украина, насочени кон речиси сто ентитети, вклучително и енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија.
Американското Министерство за финансии, по новата извршна наредба, објави дека воведува нови санкции за клучните руски субјекти, само неколку дена пред повторното влегување на Доналд Трамп во Белата куќа.
Вашингтон, исто така, се насочи кон моделот на затајување санкции, идентификуван меѓу актерите во Русија и Кина и Керемет банка, финансиска институција со седиште во Киргистан која го координираше затајувањето санкции меѓу руски официјални лица и американска банка.
– Нашата цел со овој потег е да им ставиме до знаење на финансиските институции, но и на компаниите, дека бизнисот со Русија што го поддржува нејзиниот воено-индустриски комплекс ги изложува на санкции – рече претставникот, кој сакаше да остане анонимен, пренесе „Хина“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
Американскиот Стејт департмент, исто така, воведе санкции против повеќе од 150 субјекти и поединци.