Умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 17 до 27 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 24 степени.
УВ индексот ќе изнесува 5.
Нашето подрачје се наоѓа на периферија од циклонската активност од Медитеранот, времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за слаб и краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има благ пораст.