Законот важи за сите, очекуваме сите институции да спроведат целосна истрага и никој нема да добие политичка заштита, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во врска со случајот „Рекет“, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со американскиот полковник Грегори Најт
– Покажавме дека никого не штитиме, туку дека овозможуваме сите институции да спроведат целосна истрага, односно никого да не го спасуваат и никого да не го штитат. Законот важи за секој од нас. Очекуваме обвинителството и другите институции да си ја завршат работата. Никој од нас нема да очекува, ниту пак ќе добие политичка заштита – категорична е Шекеринска.
Министерката порача дека истрагата за аферата „Рекет“ ќе открие се.
– Сакам да дозволам истрагата сѐ да покаже. Беа кажани многу лаги. Ако дозволиме на секоја од тие лаги да реагираме, криминалците ќе се скријат, а ние ќе се занимаваме со оговарање. Ја поддржуваме истрагата и на никој начин не сме се довеле во ситуација да поддржуваме криминал и корупција – одговори Шекеринска.