Францускиот претседател Емануел Макрон останува на ставот дека се неопходни длабоки реформи во Европската Унија (ЕУ) пред да се прифатат нови членки и да се проширува блокот, потенцирајќи дека предвремено влегување на Србија во Унијата не би било корисно за никого, пишува „Блумберг“.
Лидерите на балканските земји покажаа големо незадволство, во според нив, одовлекувањето на ЕУ за давање на датум за пристапни преговори. Додека поголемиот дел од државите во Унијата се претпазливи за проширувањето и примањето на нови членки, лидерите на Балканот имаат потешкотии да ја објаснат оваа одлука на нивните 18 милиони граѓани, кои влезот во ЕУ го гледаат како гаранција за повисоки плати и помалку корупција.
Загриженоста се зголеми пред две недели, кога по долгите маратонски сесии на состаноци за тоа кој ќе ги преземе челните функции во ЕУ, Макрон изјави дека нема да има понатамошно проширување пред да се спроведат длабоки реформи во Унијата. Во моментов, тој е во посета на Србија, каде на претседателот Александар Вучиќ уште еднаш му потенцираше дека „Србија е на пат да и се прикчучи на ЕУ“, но проширување на блокот без промени во начинот на донесување одлуки би предивикало проблеми за сите инволвирани.
– Пребрзо влегување во ЕУ не ни било добро за Србија, ниту за ЕУ. Ние не мора сега да го кажеме точниот датум, бидејќи доколку не успееме, ќе изгледа како неуспех – истакна францускиот лидер Макрон.
Последната земја која стана членка на ЕУ беше Хрватска во 2013 година. Претседателот во заминување на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, изјави дека најрано што било кои од шесте земји-кандидати за членство би се приклучиле на Унијата е околку 2025 година.
За Србија, најголемата пречка е решавање на прашањето со Косово. Поддржани од Русија и Кина, Србите одбиваат да ја признаат независноста на Косово, што досега претставуваше пречка за Косово за влез во Обединетите нации и други меѓународни организации.
Македонија уште има најдобри изгледи да добие датум за преговори со ЕУ, и покрај одложувањето предизвикано од поделените мислења помеѓу земјите-членки, според познавачите на состојбите. Министрите за надворешни работи на ЕУ се обврзаа да се навратат на ова прашање во октомври.