Новите жители на скопската Зоолошка градина ги освојуваат срцата на светските медиуми. „Боред панда“, еден од водечките светски портали за поп-култура и уметност, објави колекција фотографии од фламингата на нашиот колега Горан Анастасовски. Станува збор за 15 птици, помлади од една година. Фламингата се млади, на возраст кога ја немаат достигнато розовата боја, специфична за карипски фламинга. Ова не е првпат светските медиуми да ги објавуваат фотографиите на Анастасовски.