Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“, рече дека не сака да се меша во истрагата за случајот „Рекет“.
– Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство кое е надлежно и не сакам да се мешам – изјави Фетаи.
Таа додаде дека обвинителите од СЈО продолжуваат со својата работа.
-Еве денеска сме на судењето за „Титаник 3“ – рече обвинителката пред почетокот на судењето.
Претходно, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, не сакаше да ги коментира наводите на Фатиме Фетаи за тензичните случувања во СЈО.
Според информациите, обвинителката Фетаи жестоко се спротивставила на одлуката на својата шефица за претрес при влез и излез од работното место, поради што плукнала во една од надзорните камери во СЈО.