Најмалку три лица се убиени и 15 се повредени во пукање на фестивал за храна во Гилрој, Калифорнија. Полицијата трага по неколкумина осомничени за пукањето.
Пукањето се случило околу 17.30 часот по локално време, кога непoзнато лице почнало да пука врз посетителите на фестивалот во Гилрој.
Станува збор за тридневен фестивал кој што се одржува секој година во градчето кое има 50 илјади жители и се наоѓа на 48 километри јужно од Сан Хозе. Oва е најголемиот фестивал во Калифорнија.
Посетителите на социјалните мрежи објавија видео од нападот, на кое можат да се забележат луѓето како панично бегаат.
yo somebody was shooting at the gilroy garlic festival. be safe pic.twitter.com/B39ZIYe8wr
— niah ㊝ (@wavyia) July 29, 2019