Педесет и шестгодишен маж е уапсен на Флорида, под сомнение дека е поврзан со бранот експлозивни пратки кои последниве денови стигаа до повеќе критичари на американскиот претседател Трамп.
Осомничениот маж го уапсил ФБИ и се наоѓа во притвор.
Си-ен-ен објави дека полицијата на товарен камион го качила неговото комбе излепено со налепници со поддршка на американскиот претседател Трамп.
Како што јавува Вашингтон пост, уапсениот живее на Флорида во место во близина на поштата од каде веројатно ги испраќал смртоносните пакети. Засега не се знае дали делувал сам или имал помош.
Деновиве на адресите на дури 12 познати критичари на американскиот претседател Доналд Трамп се испратени пратки кои содржеле експлозивни направи.
Импровизирани бомби беа испратени на адресите на Барак Обама, Хилари Клинтон, Роберт де Ниро, Џорџ Сорос, њујоршката редакција на Си-ен-ен и редица политичари од Демократската партија.