Утре со почеток од 13:30 часот најавен е протест за „Монструм“, кој ќе почне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата.
– СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13:0 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците Христијан Тодоровски Карпош, Џон Кенеди, Цветан Димов, како и бул. Крсте Мисирков, бул. Гоце Делчев, дел од ул.Филип Втори, дел од булеварите Илинден, ВМРО и Климент Охридски – велат од МВР.
Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, а новинарските екипи своите акредитации да ги носат на видливо место поради нивна заштита.