Полицијата го уапси Д.Ф., по кој се трагаше во врска со престрелката во Мала Речица, каде едно лице загина, а двајца беа повредени.
Извори од полицијата изјавија дека Д.Ф. е приведен и однесен во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Судија на претходна постапка нему како и на останатите 11 лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Против 12-мината се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „убиство“, „убиство во обид“ и „соизвршителство“.
Ф.М., кој се здоби со тешки телесни повреди е задржан на болничко лекување, поради што не може да ја издржува мерката притвор. Тој се опоравува на интензивното одделение по извршената операција на КАРИЛ.