Турските власти го уапсија капетанот на авионот на компанијата „Пегасус“, Махмут Арслан, по авионската несреќа која се случи пред неколку недели во Истанбул. Патнички авион на турската авиокомпанија „Пегасус“ излета од пистата на истанбулскиот аердором „Сабиха Гокчен“, при што три лица го загубија животот, а 179 беа повредени.
Авионот кој леташе од Измир кон Истанбул излета од писта и падна во канал, а трупот на леталото се распадна на три дела. Засега не се познати точните причини за излетувањето на авионот и дали станува збор за грешка на пилотите.