Американскиот претседател Доналд Трамп побара од своите соработници да продолжат со воведување на царини за дополнителни кинески производи во вредност од околу 200 милијарди долари.
Блумберг вчера информираше дека Трамп продолжува со воведувањето царини и покрај обидот на министерот за финансии повторно да ги придвижи разговорите со Кина, со цел прекин на трговската војна.
Трамп пред една недела најави дека е можно воведување на царини на увоз вреден 200 милијарди долари и се закани со царини за уште 267 милијарди долари стока. Трамп веќе воведе царини на кинеската стока во вредност од 50 милијарди долари.
САД лани увезле стока од Кина во вредност од 505 милијарди долари. Но, увозот од Кина до крајот на јули се зголеми за речиси девет отсто, во однос на истиот период во 2017 година, покажуваат податоците на заводот за статистика на САД.