Американскиот претседател, Доналд Трамп, на социјалната мрежа Твитер објави дека Џо Бајден може да стане претседател само ако докаже дека гласовите ги добил законски.
– Бајден може да влезе во Белата куќа како претседател само ако може да докаже дека неговите смешни „80.000.000 гласови“ не биле добиени незаконски. Кога ќе видите што се случи во Детроит, Атланта, Филаделфија, масовна измама, тоа e голем нерешлив проблем – рече Трамп.
Претходно Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку eлекторскиот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори. Тој посочи дека тоа не значи дека прифаќа пораз.
Трамп рече дека ќе биде голема грешка ако електорите го сторат тоа, но дека тој ќе ја прифати нивната одлука.
– Секако дека ќе го направам тоа, и вие знаете дека е така. Но, мислам дека многу работи ќе се случат пред 20-ти јануари. Откриена е огромна измама – одговори Трамп на прашањето дали ќе ја напушти претседателската резиденција на денот на инаугурацијата, ако победата на Бајден биде потврдена.