Македонската претставничка на „Евровизија“, Тамара Тодевска сепак заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите на жири комисијата.
На интернет страницата на „Евровизија“ е објавено дека е констатиран пропуст во гласањето на белоруското жири, а среќната вест ја објави и Тамара Тодевска на нејзиниот профил на „Фејсбук“.
-Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!- напиша Тамара.