Најмалку 26 лица загинаа, меѓу кои четворица полицајци, а 38 се повредени во судирите меѓу полицијата и членовите на бандата во северозападниот дел на Каракас, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Венецуела, Кармен Мелендез.
Жестоките судири меѓу полицијата и бандата траеја неколку дена во тој дел од градот, каде што некои жители беа принудени да ги напуштат своите домови.
Акцијата на полицијата во градот погоден од криминал е обид да се потисне бандата што се обидува да ја прошири својата територија.
Мелендез изјави дека во судирите биле ранети десет полицајци и дека биле убиени 22 члена на бандата.
Таа рече дека 28 цивили се повредени, а неколку се убиени, иако не го прецизираше нивниот број.