Два авиона се судрија денеска на пистата на аеродромот во главниот град на Судан, Картум.
Како што пренесуваат странските медиуми, станува збор за транспортни воени авиони.
Несреќата ја снимиле надзорните камери, а на снимката се гледа како Антонов 30 и Антонов 32 слетуваат на иста писта.
Со приближувањето до крајот на пистата, обата авиона започнаа да кочат, но бидејќи едниот беше побрз од другиот, немаше место за избегнување на сударот.
На аеродромот набргу стигнаа пожарникари за да спречат избувнување на пожар. Засега нема информации за настрадани.
На фотографиите објавени по несреќата се гледа дека еден авион е целосно преполовен.
Меѓународниот аеродром во Картум е затворен.