Светската трговска организација (СТО) донесе одлука дека се незаконски американските царини за кинеските производи во вредност од над 200 милијарди долари. Со тоа, СТО за првпат донесе одлука против бројните царини што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им ги наметна на низа земји – и сојузници и ривали.
Телото на СТО за решавање спорови не го прифати аргументот на САД дека незаконските активности на Кина се штетни за интересите на САД во области како што се кражба на интелектуална сопственост и трансфер на технологија. Пресудата теоретски и дозволува на Кина да воведе реципрочни тарифи за стоки во САД во вредност од милијарди долари.
САД можат да поднесат жалба на одлуката, а Апелациониот суд на СТО во моментот не функционира, најмногу поради одбивањето на Вашингтон да прими нови членки. Апелациониот суд, кој донесува конечни пресуди во трговските договори, не функционира од минатата година, кога истече мандатот на двајца од последните тројца судии.
Американските тарифи се насочени против две групи кинески производи. Во септември 2018 година, САД воведоа 10% данок на кинеска стока во вредност од околу 200 милијарди долари.Осум месеци подоцна, САД ги зголемија тие даноци на 25 проценти. Во јуни 2018 година, САД воведоа даноци на кинески производи во вредност од околу 34 милијарди долари.