Сирија во Генералното собрание на Обединетите нации побара итно повлекување на сите странски трупи и предупреди дека во спротивно ќе го задржи правото да преземе акција против нив.
Ова се однесува на турските и американските сили, со оглед на тоа што САД во Сирија имаат околу 1.000 војници кои војуваат соИсламска држава (ИД).
– САД и Турција имаат нелегално воено присуство во северна Сирија. Сите странски сили кои делуваат на нашата територија без наше овластување се окупаторски сили и треба да се повлечат веднаш – рече сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Моалем во ОН.
Сириската влада ја врати контролата над најголем дел од земјата, но бунтовниците и екстремистите се уште го држат Идлиб на северозапад, додека североисточниот дел, кој е богат со нафта, го контролираат курдските групи кои се поддржани од САД.