Пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Скопје, се одржа протест што беше најавен на социјалните мрежи како „Семакедонски народен собир против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство“.
Со извикување „Македонија, Македонија“ и „Никогаш Северна, само Македонија“, со транспарент „За народна власт“ на чело на колоната, насобраните се упатија кон Собранието, каде во тек е изборот за новата Влада.
На собирот се обрати Ана Бобинкова од здружението Македонска преродба.
Повеќе македонски здруженија објавија дека го поддржуваат овој протест, а поддршка даде и владиката Агатангел кој преку видеопорака повика за учество на овој протест.