Проектилите што утрово ги лансираше Северна Кореја се балистички ракети, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја и додаде дека ракетите летале околу 250 километри.
Министерот Јонг Кyонг-ду изјави дека ракетите се разликуваат од оние што претходно биле испукани.
Пјонгјанг денеска лансираше неколку неидентификувани проектили од полуостровот Ходо, во провинцијата Хамџонг.
Лансирањето се случува шест дена откако Северна Кореја испука во Источното Море две балистички ракети од кратот дострел.
САД исто така примиле извештај дека Северна Кореја лансирала ракета и ќе продолжат да ја следат ситуацијата.
Ова го изјави портпарол на Стејт департментот, откако ГШ објави дека Северна Кореја лансирала неколку неидентификувани проектили во провинцијата Хамгјонг на исток во државата.
Лансирањето се случува шест дена откако Северна Кореја истрела во Источното Море две балистички ракети од кратот дострел.