Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија доби најмногу гласови на изборите во минатиот месе и има 120 пратеници.
На Санчес му се потребни уште 56 гласа во парламентот за да има мнозинство. Тој извесно време се обидува да ја придобие поддршката на помалите партии, а постигна договор со левичарскиот Подемос кој има 35 пратници.
Според шпанскиот Устав, монархот му дава мандат за формирање влада, а по консултации со партиските лидери.