САД, со помош на меѓународните партнери евакуирале повеќе од 124.000 луѓе од Авганистан, меѓу кои 6.000 Американци.
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, им се заблагодари на сојузниците. Рече дека некои земји помогнале во воздушниот транспорт, додека други се согласиле привремено или трајно да прифатат бегалци од Авганистан.
Повеќе од 20 земји учествуваа во акцијата за евакуација на американски државјани, дипломатски персонал од САД и други земји, и загрозени Авганистанци.