Северна Кореја по повод наметнувањето на нови американски санкции соопшти дека нема да се предаде и го обвини Вашингтон дека се обидува земјата да ја фрли на колена.
Од министерството за надворешни работи на Северна Кореја истакнаа дека нема да се двоумат да го повлечат чкрапалото доколку некој се обиде да го загрози нивниот сувренитет.
– САД и понатаму имаат непријателски став кон Северна Кореја – се наведува во соопштението што го пренесе државната агенција.
„АП“ потсети дека февруарскиот самит на американскиот претседател, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун во Ханој е завршен без договор за тоа како да биде решена нуклеарната криза.