Верници собрани во црква во близина на американскиот град Форт Вортс го убиле напаѓачот, кој отворил оган кон нив, соопштија властите.
Во престрелката загинал и еден верник, во кого напаѓачот пукал во црквата, во местото Вајт Селемент, во сојузната држава Тексас, а уште еден е во животна опасност.
Шефот на полицијата рекол дека напаѓачот пукал еднаш пред херојскиот потег на верниците. Властите не објавиле детали за тоа како дошло до нападот.
Според информациите, еден од убиените бил вработен во обезбедувањето на црквата.
Во ноември 2017 година напаѓачот Девин Патрик Кели пукаше во верниците во црквата во Сандерленд Спрингс, исто така во Тексас и уби над 25 луѓе, по што изврши самоубиство.