Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) треба да ги отворат преговорите за членство со Македонија што е можно побргу, посочи еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
– Можам само да повторам дека треба да се отворат преговори што е можно побргу, што би бил, не е само сигнал за Северна Македонија, туку за целиот регион – порача Хан, додавајќи дека евентуалното недоделување датум за преговори во најкус можен рок за Македонија може да влијае врз српско-косовскиот дијалог.
Можниот датум за преговори за Албанија и за Македонија се предвидува за септември, во нацрт-заклучоците на ЕУ.
Според Хан, ЕУ треба да ги исполни нејзините обврски кон земјите кои веќе тоа го сториле, а секое одлагање би донело непотребен ризик.