Убиството на девојче во градот Рочестер, Њујорк, кое се случи пред 35 години, конечно беше решено со помош на ДНК-тестови, пренесува Си-Ен-Ен.
Четиринаесетгодишната Венди Џероми била силувана и убиена додека одела кај нејзина другарка за да ѝ даде картичка за Денот на благодарноста во 1984 година. Нејзиното тело го пронашол случаен минувач, покрај корпа за отпадоци.
Полицијата во средата го уапсила 56-годишникот, Тимоти Вилијамс, во неговиот дом во Флорида.
Мајката на убиената девојка со солзи ѝ се заблагодари на полицијата за истрајноста во решавањето на случајот.
– Мислев дека никогаш нема да го доживеам овој ден – рече Марлин Џероми и додаде дека жали што нејзиниот сопруг не е жив.
Полицијата објасни дека бил земен примерок од ДНК за време на обдукцијата и бил споредуван со базата на податоци на ФБИ, но не се совпаѓал. Потоа, во 2017 година, законот бил изменет и на полицијата и било дозволено да бара не само совпаѓање на примероците од ДНК, туку и споредба со други членови на семејството.
Убиецот живеел во соседството на жртвата за време на убиството, а тогаш имал 20 години.