Во Хрватска, од 7 часот утрово беа отворени избирачките места за 10. парламентарни избори од независноста на земјата, на кои учествуваат 192 листи со 2.700 кандидати.
На изборите во Хрватска право на глас имаат 3,86 милиони избирачи, кои во Хрватска и во странство ќе гласаат на околу 7.000 избирачки места.
Гласањето ќе заврши во 19 часот, а Државната изборна комисија (ДИП) ќе започне со објавување на првите неофицијални резултати од 21 часот.
Хрватскиот парламент брои 151 член, а главната битка за места ќе биде помеѓу листите на сега владеачката ХДЗ на премиерот Андреј Пленковиќ и СДП предводена од Давор Бернардиќ, додека во предизборните анкети третото место го зазема Домашното движење на Мирослав Шкорo.
Во десет изборни единици во Хрватска се бираат по 14, дијаспората бира три, а припадниците на малцинствата осум члена на парламентот.
На кандидатските листи има 41 отсто жени, а просечната возраст на кандидатите е 48,6 години.
Изборите ги следат скоро 8.700 набљудувачи, а околу 75.000 луѓе се ангажирани во спроведувањето на изборите.