Изјавите на комесарката на ООН за човекови права, Мишел Башеле, за законот за национална безбедност во Хонгконг претставуваат грубо мешање во суверенитетот и внатрешните работи на Кина, оцени Пекинг.
Реакцијата на Кина следи откако Башеле вчера изјави дека новиот кинески закон за Хонгконг мора да биде во целосна согласност со обврските на Кина кога станува збор за почитување на човековите права и меѓународните договори за заштита на граѓанските и политичките слободи.
Според Кина изјавата ги кршат целите и принципите на Повелбата на ООН.