Видео-снимка на која наводно се забележува како Бојан Јовановски познат како Боки 13 прима пари од бизнисменот Јордан Камчев, објави италијанскиот весник „Ла верита“.
– Од понеделник ќе ве ослободат, најдоцна вторник. Врховен ќе ве ослободи. СЈО нема да употреби вонредни правни лекови. Катица нема да употреби никакви вонредни правни лекови, да го одолговлекува моментот – му вели Јовановски на Камчев, на монтираната верзија на снимката.
Зоран Милески – Кичеец исто така се забележува на снимката направена на 20 февруари.
Директорот на 1ТВ и претседател на НВО Меѓународен сојуз, Јовановски, заедно со Милески се во притвор, како осомничени за случајот „Рекет“.