Северна Кореја најверојатно изврши нови ракетни лансирања, изјавиле двајца неименувани официјални претставници на САД, за американските медиуми.
Тие рекле дека најновиот ракетен тест не ја загрозува безбедноста на Северна Америка и е сличен на претходните, кои биле спроведени во средата и на 25 јули.
Дополнително, тие велат дека не може да се утврди колку ракети биле лансирани и за какви ракети станува збор.