Нова снимка е ојавена изутринава на фејсбук-профилот на италијанскиот новинар Ларис Гајсер, којашто е поврзана со случајот „Рекет“ во земјава.
На втората аудио-видео снимка може да се слушне разговорот меѓу Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев, но наводно се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева.
– Не се секирај за ништо се ќе биде ОК – му вели Јанева на бизнисменот Орце Камчев во еден дел од снимката.
На втората снимка се слуша комплетната верзија од втората „бомба“ на италијанскиот весник.
„Ла Верита“ вчера објави видео на кое се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец со торба со пари излегуваат од домот на Орце Камчев. На видеото се гледа и како се бројат спакуваните пари. Гајсер најави дека во италијанскиот весник ќе објави серија снимки поврзани со корупцијата во земјава.