Научник на НАСА предупредува дека нè очекува најстрашното смрзнување во модерната историја и дека Земјата ќе се најде во ледена прегратка, бидејќи Сонцето влегува во еден од своите минимуми донесувајќи рекордно ниски температури.
Сончеви дамки немаше во речиси сите претходни месеци во 2018 година, а ултравиолетовото зрачење нагло опадна. Новите истражувања покажуваат дека највисоките слоеви на Земјината атмосфера реагираат и дека големите студови со рекордно ниски температури наскоро доаѓаат.
– Трендот на ладење е очигледен – вели Мартин Млинчак од истражувачкиот центар на НАСА „Ленгли“.
Според него, високо над површината на Земјата, блиску до работ на вселената, нашата планета ја губи топлината.
– Ако продолжат сегашните трендови, горните слоеви на атмосферата наскоро би можеле да станат рекордно студени, најстудени во космичката ера(или откако започнале вселенските истражувања).
Овие податоци ги откри инструментот „Сајбер“ на сателитот „Тајмд“ на НАСА, кој ги следи емисиите на јаглерод диоксид и азот оксид, две супстанци што играат клучна улогса во енергетскиот биланс на воздухот од 100 до 300 километри над површината на нашата планета.
Со мерењето на инфрацрвеното зрачење на овие молекули, „Сајбер“ може да ја утврди топлотната состојба на гасот на самиот врв на атмосферата на Земјата, односно во слојот кој научниците го нарекуваат термосфера.
– Термосферата секогаш се лади за време на Сончевиот минимум и тоа е еден од најважните начини на кој 11 годишниот Сончев циклус влијае врз нашата планета – објаснува Млинчак.
Со оглед дека 11-годишниот циклус на сончеви промени се приближува кон крајот, термосерата е блиску до тоа да биде рекордно студена. Млинчак вели дека „тоа би можело да се случи за неколку месеци“.