Налепници со навредлива содржина беа залепени на автомобилите на македонските туристи во Калитеа, Грција.
„Вие не сте Македонци. Вие сте Словени = Вардарска. Македонија е грчка“, гласи една од навредливите пораки, додека на друга налепница стои натписот „манкидонија“ со илустрација од мајмун врз македонското знаме (се навредува името на државата со англиска кованица што би се превела како мајмундонија – н.з.).
Овој вандалски чин предизвика вознемиреност и страв меѓу македонските туристи што го поминуваат летниот одмор кај јужниот сосед.
Македонците што беа цел на навредите сметаат дека станува збор за организирана кампања насочена против нив, во екот на туристичката сезона.