Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ.
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, излезеноста на гласачите по изборни единици е следна: ИЕ 1 – до 11 часот 17,62 отсто , до 12 часот 22,82 отсто, до 13 часот 27,58 отсто, до 14 часот 32,02 отсто. Во ИЕ 2 – до 11 часот 15,09, до 12 часот 19,79, до 13 часот 24,00, и до до 14 часот 27,79 отсто.
Излезеноста во ИЕ 3 – до 11 часот 19,41, до 12 часот 24,78, до 13 часот 29,41, и до 14 часот 33,74 отсто.
Во останатите изборни единици излезеноста е: ИЕ 4 – до 11 часот 18,74, до 12 часот 24,24, до 13 часот 29,16, до 14 часот 33,73 отсто, ИЕ 5 – до 11 часот 15,81, до 12 часот 20,49, до 13 часот 24,98, до 14 часот 29,11 и во ИЕ 6 – до 11 часот 8,97, до 12 часот 12,72, до 13 часот 16,62, до 14 часот 20,72 отсто.
Следната прес-конференција ќе се одржи во 19 часот.
Проектот „Домашно набљудување на предвремените парламентарни избори 2020“ е поддржан од: Британска амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.