Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер каде тој нема да се кандидира, но предлогот му бил одбиен.
– Јас не бегам од моите принципи и затоа иако до денешен ден не беше поднесена никаква иницијатива за вонреден конгрес, од страна на оние кои водат хајка врз мене, а целта е ВМРО-ДПМНЕ, само така служејќи му на Заев. Јас на сопствено залагање поднесов предлог за свикување на вонреден конгрес на кој јас нема да се кандидирам. Централниот комитет надвор од моето присуство, откако ја напуштив салата во која се одржуваше седницата, едногласно го одби моето барање и не се согласи со ваквиот предлог, а со тоа ми даде полн легитимитет да продолжам со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.
Тој изјави дека отворено дискутирал за неговото речиси тригодишно управување со партијата.
– ВМРО-ДПМНЕ е кичмата на македонизмот. Наша цел е победа против мафијата – рече Мицкоски.
Тој ја информираше јавноста дека генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се повлекол од партиската функција поради приватни причини и му се заблагодари за неговиот ангажман.