Познатиот македонски режисер Милчо Манчевски, во пресрет на премиерата на неговиот последен филм „Бикини Мун“, го запознаваме од едно поинакво светло.
Филм што ве има променето?
– „Тарзан“.
Режисер што го презирате?
– Ларс фон Трир, Спајк Ли.
Вашиот најголем страв е…
– Од страв.
Песна што би сакале да ви свири на погреб?
– (I Can’t Get No) Satisfaction.
Ви се повраќа од…
– Лицемерие.
Најлицемерно на светот ви е…
– Од кај да почнам?
Кога би можеле да го обоите светот со боја, која би доминирала?
– Васаби-зелена.
Би облекле облека во која не се чувствувате пријатно само во случај на…
– Никогаш.
Идеална држава е…
– Норвешка, кога би ја преселиле на Карипско Море.
Најголема глупост што ја прават луѓето е…
– Што се плашат.